Постапка за нарачување
Нашите производи се блиски и достапни до Вас.
Само неколку клика Ве делат од нарачка на производот кој Ви е неопходен.
Нашите производи можете да ги нарачате на следните начини:
- директно на страната на Shopping Market
- телефонски, со јавување на +389 70 770 055, да нè информирате кои артикли ви се потребни и начинот на кој сакате да ги платите, а потоа ние да ја процесираме Вашата нарачка
- преку e-mail, со праќање порака на shoppingmarketmk@gmail.com , да нè информирате кои артикли ви се потребни и начинот на кој сакате да ги платите, а потоа ние да ја процесираме Вашата нарачка.
Детален опис за правење нарачка преку нашата Веб продавница
- Одберете ја категоријата производи од која сакате да нарачате.
- Одберете го производот што Ве интересира и кликнете на сликата за да прочитате повеќе информации за саканиот производ.
- При приказ на производот, има сликичка на која пишува „Во кошничка“.
- Кликнете за да го ставите производот во Вашата кошничка.
- За повеќе производи повторете ја постапката.
- Кошничката ги чува сите информации за производите што сте ги одбрале.
- Кога ќе завршите со одбирањето производи, на менито од десната страна кликнете на „Кошничка“, а потоа на следната страница ќе одберете „Кон наплата“.
- Овде треба да внесете контакт податоци за тоа кому и каде треба да се испорачаат производите, а потоа продолжете со одбирање начин на достава.
Одберете начин на достава:
- Испорака во Македонија – до адресата која сте ја посочиле во нарачката.
По одбирањето начин на испорака кликнете „Продолжи“ за да одберете начин на плаќање.
Одберете начин на плаќање:
- Плаќање со картичка – можете да извршите со дебитните и кредитните картички Visa, Master и Maestro од сите домашни и странски банки. Откако ќе ја изготвите нарачката, веб продавницата безбедно Ве пренасочува кон страницата на банката за плаќање со платежна картичка, каде треба да го внесете бројот на картичката и да го потврдите плаќањето. По успешната трансакција, производите Ви ги доставуваме на адресата посочена во нарачката.
- Плаќање при преземање – можете да одберете доколку сакате производите да Ви бидат испратени на Вашата адреса, а Вие да му ги платите на курирот кој ќе Ви ја достави нарачката.
Потоа кликнете на „Продолжи“.
Тука можете уште еднаш да ја прегледате нарачката, а имате и поле во кое дополнително можете да оставите некоја забелешка или коментар кои сметате дека ќе ни користат за поправилна испорака.
По кликнувањето на Потврди нарачка ќе добиете email со деталите од нарачката.
Во текот на истиот или следниот ден ќе бидете контактирани за испораката.